Kодекс за однесување на патниците

Информации:
  • Сите информации за услугите, цените на билетите и видовите на билети Ви се достапни на www.jsp.com.mk и во ЈСП информативните центри.
Влегување и излегување:
  • Влегувањето и излегувањето е дозволено само на определени места;
  • Ве молиме пред да се обидете да се качите во кабината да им го отстапите местото на оние кои се симнуваат;
  • Кога влегувате или се симнувате од кабината Ве молиме на брзајте и држете се цврсто за парапетот за да избегнете губење на рамнотежата. Патниците внатре треба да се држат за рачките и оградите (погледнате дали децата кои патуваат со вас го сториле истото);
  • Кога влегувате или се симнувате од возилата Ве молиме внимавајте на растојанието помеѓу кабината и тротоарот. Ако патувате со деца кои не се во количка секогаш држете ги за рака;
  • Не се потпирајте на вратите и прозорците тоа може да предизвика сериозни повреди.
Билети:

Сите патници за време на возењето мора да поседуваат исправен билет , кои на барање на овластено лице мора да го покажат поради контрола. Контрола се врши овластени лица од ЈСП СКОПЈЕ.
  • При влез во кабината, не заборавајте да го покажете билетот
  • Ве потсетуваме дека сите билети мора да биде поништен на почетокот на секое патување
Овластените лица на ЈСП СКОПЈЕ може да забранат влез или да побараат напуштање на кабината на секој патник доколку неговото однесување претставува опасност за редот и дисциплината, ако патникот е видно под дејство на алкохол или предизвикува штета на возилот и опремата во него.

Патници со инвалидност, деца и бремени жени:
  • Ве молиме не го окупирајте просторот резервиран за инвалидски и колички за деца.
  • Ве молиме отстапете го вашето место на бремени жени и возрасни лица.
Патниците со инвалидност, возрасните лица, децата во количка и бремените жени имаат приоритет.ен пристап во Доколку имате потреба замолете го вработениот за помош.

Во кабините инвалидските и детските колички треба да бидат паркирани во просторот резервиран за нив. Истите треба да бидат поставени така што не предизвикуваат непријатности на другите патници. Во текот на своето патување не заборавајте дека инвалидските и детските колички треба да бидат поставени во правец на патувањето, да бидат ставени сопирачките како би избегнале движење и пад.

Деца до 6 годишна возраст патуваат бесплатно но задолжително придружувани од возрасно лице (над 18). Доколку патувате со деца кои не се во количка секогаш држете ги за рака.

Не се наплатува превоз на детски и инвалидски колички.

Во возилата не е дозволено внесување:
  • личен багаж чии димензии се поголеми од ( 100х60х25) или потешки од 30кг.
  • оружје , високо запаливи, експлозовни, отровни и други опасни материи.
  • предмети кои можат да го загрозат животот, здравјето на патниците и возачкиот персонал.
  • домашни миленици
На патниците забрането им е:
  • попречување на одговорното лице во вршење на својата работа.
  • задржување во возилото на начин кои попречува при наплата на карти и влез и излез.
  • оневозможување- отварање и затварање на вратите, како и насилно нивно отварање.
  • влегување и излегување од кабината додека е во движење.
  • фрлање на отпадоци.
  • оштетување на кабината.
  • пушење во кабината.
  • конзумирање на храна и пијалоци.
Kодекс за однесување на вработените
 

Почитувани,

Доброто однесување е врвен приоритет за новиот менаџмент на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Сите вработени сме должни да придонесеме за поголема успешност на нашето претпријатие, а тоа најдобро можеме да го направиме доколку го почитуваме редот и дисциплината, како и одредбите од овој кодекс.
Со публикувањето на кодексот на однесување, се придружуваме на посериозните компании во нашата земја, компании кои се грижат за своите вработени и клиенти, а воедно придонесуваат за подобро општество. Почитувањето на овој кодекс од страна на вработените, значи континуирано подобрување на имиџот на нашето претпријатие, повисока профитабилност и наша поголема општествена одговорност.
Овој кодекс е поделен на два дела: обврски на вработените и однос кон клиентите. Првиот дел ги разработува обврските на вработените, вклучувајќи го начинот на нивно облекување, негувањето на колегијалните односи, професионалната компетентност и однесување. Вториот дел го опфаќа односот на вработените со деловните партнери, при што особено внимание се посветува на коруптивното однесување, комуникацијата со јавноста, односот со конкуренцијата и грижата за животната средина и одржливиот развој.

Секој вработен во ЈСП-Скопје е должен да го прочита овој кодекс и да се придржува кон него. Непридржувањето на овој кодекс повлекува соодветни санкции.     

Директор
М-р Мишо Николов
 

2.  Цели на кодексот на однесување

Најдобрите компании се најдобри затоа што истите ги поставуваат стандардите на работењето и се однесуваат на начин што другите компании се стремат да го постигнат. За нив е јасно во што веруваат и што сакаат да постигнат.  Oколината во која работиме во последните години многу брзо се менува, како во однос на законската регулатива така и од аспект на барањата за постигнување на се повисоки стандарди во работењето. Оттаму произлегува и усогласување на стандардите на однесувањето на вработените.         
Кодексот на однесување не пропишува нови обврски за вработените туку се повикува на познатиот систем на вредности на претпријатието како израз на неговиот професионализам и деловност на сите нивоа на деловно организирање.
Сите вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје по целата хиерархиска низа без исклучок и без оправдување се должни да се придржуваат кон законските прописи, интерните акти, одлуки, решенија, пропишаните процедури, наредби, деловни проекции и вообичаени норми на однесување давајќи на тој начин личен придонес во подигањето на угледот и ефикасноста на организацијата како организиран деловен субјект.
Работењето на секој поединец покрај ажурноста и точноста ќе биде оценувано и од гледна точка на професионална лојалност, колегијалност, личен однос со деловните партнерите, соработниците, претпоставените и клиентите.
Сите вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје мора да ги следат принципите и барањата на овој кодекс и со истиот да се усогласат во своето работење почитувајќи ги нормите на лична и колективна заштита.

Обврска на секој вработен во ЈСП СКОПЈЕ е да се запознае со овој кодекс,  да ги следи и исполнува барањата наведени во истиот.


Прекршување на кодексот  

Доколку одредбите од овој кодекс биле прекршени или се прекршуваат, секој вработен е должен да го пријави кај својот Директор или кај Секторот за правни работи и човечки ресурси.
Нема да се толерира никаква одмазда против оној кој ќе информира за прекршувањето на овој кодекс.
Одредбите содржани во кодексот на однесување се обврзувачки, нивното непочитување повлекува соодветни санкции.

 

3.  Вработени
 
Вработување
    
Процесот на вработување во ЈСП СКОПЈЕ е согласно законската регулатива на Република Македонија. Изборот на нововработени и унапредувањето на вработените е транспарентно, исклучиво врз база на квалификации, демонстрирани вештини и постигнувањата на вработениот без расна, верска, национална, полова и возрасна дискриминација.

Негување на коректни колегијални односи

Во интерес на реализација на поставените деловни цели на претпријатието се добрите колегијални односи. Вработените се должни да негуваат коректни, професионални, и колегијални меѓусебни односи засновани на почитување на хиерархискиот статус, интегритетот на личноста и на принципот на кооперативност.                    

Информираност

Секој вработен треба да биде запознат со основните информации за работењето и услугите кои ги нуди Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, и детално запознаен со работата за која тој е непосредно одговорен.

Доверливост на информации

Информациите од деловна природа подлежат на дискреција и доверливост. Оние кои имаат пристап до личните податоци  на вработените, вклучувајќи ја и платата истите мора да ги користат исклучиво за потребите на работното место, и при нивното користење мора да се запазат највисоките стандарди на тајност и доверливост, согласно Законот за заштита на лични податоци. Од тие причини нивното пласирање пред свои блиски, трети лица или конкуренцијата се смета за злоупотреба на работното место.  
Ова начело важи и во случај вработениот да го напушти претпријатието и тоа најмалку 3 години од престанокот на неговиот работен однос во претпријатието.

Професионална компетентност

Во извршување на доверените работни задачи вработените се должни да ги користат потребните професионални знаења и искуства стекнати со дополнителни стручни усовршувања.
Професионалната компетентност подразбира и перманенти настојувања за стучни усовршувања во интерес на подигање на степенот на стручноста и ефикасноста во извршувањето на работните обврски.

Професионално однесување

Обавувањето на работните обврски е поврзано со стрикно почитување на работното време и другите обврски кои произлегуваат од работното место. Професионалното однесување покрај уредното, невременото и прецизно извршување на работните обврски, воедно се рефлектира и преку личниот изглед на вработениот. Сликата што се создава за ЈСП Скопје зависи од изгледот  и однесувањето на вработените на работното место.
Овој кодекс  препорачува прикладен избор на лична гардероба.

Комплетнот изглед и дневната деловна облека на вработената, која е елегантна, но не впечатлива ги сочинува следните компоненти: костим, комплет или блејзер; здолниште со пристојна должина или панталони;  уредна фризура , дискретна и ненападна шминка и накит.
Дневната облека на вработениот се состои : костим или блејзер: кошула: уредни чевли (не спортски патики); уредно избричен.
Вработените во Општата служба - согласно работниот процес потребно е да носат соодветна облека ( мантил) и користат лични заштитни и хигиенски средства.
Возачкиот персонал при извршување на своите работни задачи треба задолжително да ја носи униформата која им е доделена  од ЈСП СКОПЈЕ.
Користењето на службените простории, освен во одредени исклучоци за приватни посети и активности не е дозволено.
Активности на вработените вон работното време не смеат да наштетат на угледот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје .

Вознемирување на работно место

ЈСП СКОПЈЕ настојува на секој вработен  да му обезбеди фер третман и респект. Нема да се толерира никаков облик на вознемирување, дискриминација и омаловажување на вработените, клиентите и деловните партнери.
 
4. ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ

Конфликт на интереси

ЈСП Скопје ги респектира своите вработени, нивното право на приватност и нивните приватни активности. Сепак, можно е некои активности на вработените да предизвикаат актуелни или потенцијални конфликти поврзани со нивната лојалност кон работењето. За таа цел вработените се должни да ги пријават сите состојби кои можат да доведат до судир на личните интереси и интересите на претпријатието. Во такви ситуации да се дистанцираат од одлучувањето или донесувањето конкретни решенија.

Коруптивно однесување
  
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје има јасен став:  вработените не смеат да даваат или примаат поткуп. Непосредното и посредното примање подароци, услуги или друга лична корист за отстапки на штета на претпријатието се смета за облик на коруптивно однесување. За коруптивно однесување се сметаат и подароци на брачниот другар на вработениот и членови на неговото семејство за отстапки што вработениот треба да ги направи во полза на трети лица и на директна или индиректна штета на претпријатието.

Односи со деловните партнери

Односите со деловните партнери треба да се градат на строго почитување на деловниот интерес на претпријатието и можноста за злоупотреба на одредени податоци и информации од деловен карактер.
Кон деловните партнери треба да се пристапува со должно внимание и почит. Изборот на коминтентите и добавувачите треба да биде на транспарентно, избегнувајќи конфликт на интереси, несоодветните подароци и гостопримства или кој било вид на фаворизирање што би можело да ја компромитира селекцијата. Строго е забрането манифестирање на ароганција, супериорност , омаловажување кон деловните партнери.
За време на деловните средби целосно внимание и уважување треба да им е посветено ним со максимална сконцентрираност на предметот на разговор, без лични или телефонски разговори со други лица или обавување на активности кои не се во врска со предметната средба.
Во случај на конфликтна ситуацијата потребно е смиреност и сталоженост со цел надминување на конфликтот.

Комуникација со јавноста

Вработените во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје се обврзани на лојалност кон претпријатието, почитување на деловните интереси, тајност на податоците и информациите. Од секој вработен се бара да внимава на комуникацијата, интерна или екстерна, без разлика дали истата се врши во писмена форма или усна. Неточни или несоодветни информации во комуникацијата може да создадат сериозни обврски и соодветен ризик по работењето на претпријатието. Комуникацијата со надворешни лица бара внимателна оцена и унифицирано разбирање на законските и медиумските аспекти, поради тоа за изнесување на податоци и информации од деловен интерес како официјален став на организацијата потребно е одобрение односно согласност од  Директорот на ЈСП СКОПЈЕ. Во ситуации кога јавно се коментира работата или се настапува во име на претпријатието, а во фунција на неговото јавно претставување , изнесените СТАВОВИ треба да бидат во согласност со официјалните ставови на претпријатието.

Конкуренција

ЈСП СКОПЈЕ доследно ги почитува и се залага за почитување на правилата на слободната конкуренција и законите што ја промовираат и заштитуваат слободната конкуренција.

           За целите на конкуренцијата, а со намера да наштети на честа и угледот на претпријатието, вработениот не смее да изнесува или пренесува невистинити информации во врска со деловните активности на претпријатието.
 

5. Грижа за одржлив развој, заштита на животната средина и  општествена одговорност

Во основните принципи на нашето работење е да придонесеме кон одржлив развој во целината. Со балансирање на краткорочните и долгорочните интереси и носење на деловни одлуки кои ги земаме предвид интегрирајќи ги економските и социјалните аспектите. Работејќи во согласност со соодветните закони и регулативи, (интерни акти на претпријатието) притоа запазувајќи ги основните човекови права и заштитата на животната средина ја носиме целата општествена одговорност.

                Приоритет при дефинирањето на стратегијата и долгорочната политика на ЈСП е водењето постојана грижа за животната средина.
Имаме социјална одговорност да ја заштитиме животната средина, и нашите размислувања и делувања се насочени кон одржливо опшетство, во интерес на идните генерации.
Раководство на нашето претпријатие превзема одговорноста и се обврзува да го почитува Законот за животна средина и другата регулатива поврзана со животната средина, заштита од загадување, и да се залага за постојано подобрување на влијанието на организацијата врз животната средина. Правните норми ги сметаме за минимум барања, кои често се обидуваме да ги надминеме.  Обврска на нашите вработени е активно да се вклучат во мерките за заштита на животната средина.
 

6. Клиентот е секогаш во право

Секој вработен ви ЈСП СКОЈЕ е должен клиентите да ги опслужува  секогаш со ведар лик и насмевка.
Секој  вработен во ЈСП СКОПЈЕ е должен клиентите да ги опслужува со почит, на клиентите да има се обраќа со персирање и никогас кон клиентите да им се обраќа со персирање и никогаш кон клиентите да не се однесува супериорно, понижувачки или индиферентно;
Секој вработен во ЈСП СКОПЈЕ треба да избегнува пред клиентите, да врши лични работи ( на пр. јадење, маникир, читање весници или друг печатан матерјал кој не е поврзан со работењето и слично);
Секој вработен во ЈСП СКОПЈЕ е должен на клиентите да им дава точни и корисни информации за услугите кои ги нуди ЈСП СКОПЈЕ и за обвраските кои понудените услуги ги вклучуваат;

Вработените не смеат на клиентите да им даваат матерјали со политичка содржина и не смеат да учествуваат во разговори со политичка конотација.
 
ИЗРАБОТИЛ
ЈАНКУЛОВСКА БИЛЈАНА
 
 
 
     
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка 2011. Сите права се задржани
UnetInteractive