Жичница Милениумски Крст - Општи Податоци

  • надморска височина од 570 метри
  • висинска разлика од 480 метри
  • должина од 1600 метри
Се движи со брзина од 6 метри во секунда и ова должина ја совладува за 4 минути и 18 секунди. Патниците се распоредуваат во 28 кабини за по осум патници и 2 кабини за четири патника. Вкупниот капацитет на жичницата е 1160 патници на час. Секоја кабина има можност за пренесување на велосипед. Изградена е од страна на реномираната австриската фирма Допелмаер заедно со неколку македонски фирми како подизведувачи.

Допелмаер е светски лидер во технологијата за производство на жичници, која постои од крајот на 19 век. Базирана е во Австија, а досега има изградено повеќе од 14 200 жичници во над 85 земји во Светот. Допелмаер и нивната традиција се синоним за квалитет во светот, со производство, продажба и сервис лоцирани во над 35 земји.

Жичницата ги помина сите тестови и ги доби сите дозволи од страна на овластените македонски надлежни институции. Ги исполнува сите безбедносни и сигурносни критериуми што важат во Република Македонија и Европската унија.
 
  • за деца до 6 години возењето е бесплатно
  • за деца од 6-14години билетот изнесува 50 денари
  • за возрасни граганисо наврсени 62години- жени, 64години - мажи е бесплатно, но исклучиво со приложуванје на документ за лична идентификација!
 
 
 
 
     
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка 2011. Сите права се задржани
UnetInteractive